„Имаше еден филм „Чарлиеви ангели“ и една госпоѓа која влезе во филм на една естрадна звезда Бојан Јовановски и мислеше дека никој ништо не ѝ може“ изјави во воведното излагање за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска.

Обвинителството, изјави Русковска, има несоборливи докази против тројцата осомничени, односно дека во судскиот процес што почна денеска ќе докаже дека се виновни за делата за кои се обвинети. Русковска вели дека обвинителството има несоборливи докази дека Јанева од алчност ја предаде довербата на народот, дека свесно и со умисла ѝ изнесувала детали од истрагата на самонаречената естрадна звезда Боки Јовановски што е спротивно на ЗКП.

SHARE