„Катимерини“: Државјанството во македонскиот устав не значи и етничката припадност

Седум предлози за измена односно дополнување на уставните амандмани усвоени од владата биле поднесени до Комисијата за уставни прашања на македонскиот парламент, дознава грчки „Катимерини“.

„Од седумте „амандмани на амандманите“, како што дознава „Катимерини“, четирите најважни се однесуваат на став 2 од член 2 од нацрт-уставниот закон, во кој стои дека „од денот на влегувањето во сила на амандманот XXXIII ,државјанството е македонско / државјанин на Република Северна Македонија“ .

Според добро информирани извори, пишува „Катимерини“ поднесените предлози суштински укажуваат дека Преспанскиот договор не ја признава етничката припадност, туку само државјанствоо, односно законската врска на граѓаните со државата.

„Заменик претседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на крајот од ставот 2 на членот 2 предлага да се додаде фразата ‘која не ја дефинира или не прејудицира етничката припадност кон која припаѓаат граѓаните’. Според тоа, член 2 (2) од Уставниот закон да гласи: Од денот на влегувањето во сила на амандманот XXXIII, државјанството е македонско / државјанин на Република Северна Македонија кој не ја дефинира или не ја прејудицира етничката припадност кон која припаѓаат нејзините граѓани.

Членовите на Алијансата на Албанците, Зијадин Села и Сари Рашиди, предлагаат зборовите македонски/ граѓани да бидат заменети со зборот „граѓанин“, односно став 2 од член 2 од Уставниот закон ќе гласи : Од денотна влегувањето во сила на Амандман XXIII, државјанство ќе биде државјанин на Република Северна Македонија.

Во аргументацијата на нивниот предлог, двајцата членови на албанската Алијанса забележуваат дека со тоа се гарантира еднаквоста на сите граѓани при изразување на нивното државјанство, пренесува „Катимерини“.

Членовите на движењето БЕСА, Фазил Зендели и Теута Билали, бараат ставот 2 од член 2 од Уставниот закон да биде преформулиран во: Од денот на влегувањето во сила на амандманот XXXIII, граѓаните на Република Северна Македонија имаат националност на Република Северна Македонија.

Осумте пратеници -Елизабета Канческа-Милевска, Нола Исмаиловска-Старова, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова и Зекир Рачмиловиќ – предлагаат на крајот од член 2 (2) од Уставниот закон да се додаде фразата „која не ја предодредува  етничката припадност на граѓаните“”.

Според тоа, дознава „Катимерини“,  членот 2 (2) треба да гласи: „Со денот на влегувањето во сила на Амандманот ХXXIII, државјанството ќе биде македонски државјанин на Република Северна Македонија, што не ја предодредува етничката припадност на граѓаните“.

Другите амандмани се однесуваат на барањата за зајакнување на албанскиот идентитет и влегувањето во сила на измените, дознава „Катимерини“.

SHARE

1 Коментар

  1. Никола Димитров е шпион и лудак, без капацитет да потпише било што, како непресметлив и од фактот дека сам признава шпионско делување дури од 2010. Оној момент кога кажа дека народот е искомплексиран и дека се срами од сопствениот народ и се ова го кажа во Собранието на РМ обраќајќи се како Министер за надворешни работи на РМ, тој момент докажа ДЕКА Е ЛУД и НЕПРЕСМЕТЛИВ, и дека не е во психичка состојба да потпише ништо што е правно обврзувачки! ПОНИШТУВАЊЕ ПРЕСПАНСКИОТ, а Димитров и Заев во лудница !
    Болест на Никола Димитров потекнува од татко му Димитар Димитров кој исто така беше тежок психијатријски болесник. Мајка на Димитров иста така беше на психијатријски пацијент. Но, најтежок психијатриски случај е секако Никола Димитров, кој болест ја добил наследно !!

Comments are closed.