Една иницијатива од Атина за одново во ЕУ да се дискутира барањето за почеток на пристапни преговори со с.Македонија и Албанија нагло би го подигнала авторитетот на Грција и би ја вратила на позицијата на кредибилен европски играч на Балканот, проценуваат дипломатски извори зад нашите граници, пишува „Катимерини“.

i „Катимерини“ , како што пренесува дописничката на МИА од Атина, коментира дека една иницијатива би била добредојдена за албанскиот премиер Еди Рама, а за Зоран Заев „може да послужи како спас на претстојните парламентарни избори, на кои е под закана од тежок пораз од националистите, доколку Европа не стори ништо за да му помогне во последниот момент“.

Она што би можело да се направи, според грчкиот весник, е на состанокот на министрите за надворешни работи овој месец, Италија одново да го отвори прашањето за датум за пристапни преговори за Скопје и Тирана, да се разгледа одлуката на претходниот Самит и да се свика вонреден пред изборите во април.

Ваквата разврска за да има среќен завршеток ќе треба Франција да ја има смени позицијата, но засега такво нешто не произлегува од никаде, а Макрон и понатаму го има вниманието насочено кон внатрешниот фронт (и) за прашањето со проширувањето, пишува весникот.

Во однос на Договорот од Преспа и сценариото за „замрзнување“ на ерга омнес во внатрешноста, новинарот коментира дека теоретски тоа може да се случи „од моментот кога имплементацијата е поврзана со интегратнивниот процес кој е замрзнат барем до јуни“ и додава дека ова, политички би му било во корист на македонскиот премиер во пресрет на изборите, пренесува МИА.

SHARE