Сега откако спорот за името влезе во својата завршна фаза, време е грчките политички партии да се фокусираат новото име Република Северна Македонија да го користат сите земји и за сите цели, а за тоа да се користи пристапот до сестринските европски партии и институции, грчката дијаспора во САД и други земји, тинк-тенковите и меѓународни медиуми, советува „Катимерини“ .

Грчката опозиција – особено Нова демократија, исто така, може да помогне да се унапреди оваа национална кауза. Не би било неконзистентно ако конзервативниот шеф Киријакос Мицотакис отворено побара од странските водачи и други функционери да го користат името “Северна Македонија” во пишани документи и кога зборуваат.

Ништо не го спречува Неа демократија да не се согласува со аспектите на договорот. Конзервативците се уште можат да истакнат дека сметаат дека е погрешно да се обраќаат кон граѓаните на оваа балканска земја како „Македонци“  и да инсистираат дека се северни Македонци бидејќи пишува „Катимерини“ и според Преспанскиот „луѓето од поранешната југословенска република може да се наречат’ граѓани на Северна Македонија’“.

Сега кога договорот неизбежно ќе стапи во сила, двете главни партии во Грција не треба да креираат политиката врз основа на тесни партиски цели, туку да дејствуваат во согласност со националниот интерес.

SHARE