Изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев за „Македонци“ во Грција кои ќе имаат право да учат на „македонски“ јазик предизвика незадоволство во Атина, пишува „Катимерини“.

Во врска со ова до портпаролот на владата во Скопје, Миле Бошњковски, биле упатени три прашања: Дали Заев зборувал за „егејски Македонци“, второ, дали спомнал право да го учат својот јазик во Грција и трето дали владата на Заев верува дека Преспански договор подразбира постоење на „македонско“ малцинство во Грција.

„Преспански договор дава можност за пријателство и стратешка соработка меѓу двете страни и, исто така, ѝ дава можност на нашата земја за членство и интеграција во НАТО во ЕУ”, одговорил Бошњаковски, кој нагласил дека „со учеството на нашата земја во ЕУ, македонскиот јазик, кој според договорот припаѓа на јужнословенските јазици, ќе стане официјален јазик на ЕУ, средство за комуникација и за меѓусебно разбирање“.

Бошњаковски додал дека „истовремено, Преспански договор го потврдува основниот принцип дека не треба да има мешање во домашните работи на двете земји, а тоа се потврдува и со уставните амандмани“.

„Катимерини“ потсетува дека претходно заменик-министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос истакнал дека Атина очекува Скопје „целосно да го почитува духот и содржината од Преспанскиот договор во реалната содржина на одговорот на уставната ревизија на обврските на другата страна “.

Загриженост според „Катимерини“ изразил и лидерот на опозициската Неа демократија, Кирјакос Мицотакис, според кој барањето да се предава македонскиот јазик во Грција претставува ставање темели за барање за признавање на македонското малцинство во иднина и повтори дека НД нема да го ратификува договорот од Преспа ни во овој ни во некој иден состав на парламентот.

Жестоко реагирала и претседателката на КИНАЛ, Фофи Генимата:

„Според господинот Заев, наскоро ќе учиме наводен македонски јазик во грчките училишта. Голем успех, господине Ципрас. Историски е вашиот договор“.

„Иефимирида“: Заев провоцира со изјавата дека во Грција ќе се предава македонски