„Катимерини“: Загриженост за „џихадистите“ во Северна Македонија

Безбедносните служби во Грција и во поширокиот регион се загрижениода присуството на десетици етнички Албанци во Северна Македонија, кои во претходните години се бореа за Исламската држава и за други радикални исламистички групи во Ирак и Сирија, пишува „Катмерини“.

Полицијата од, како што нагласува весникот, сегашната Северна Македонија ги информирала своите грчки колеги за околу 156 етнички албански „џихадисти“ кои патувале во Сирија и Ирак помеѓу 2013 и 2015 година за да се приклучат на ИСИС и Ал-Нусра фронтот, кој е поврзан со Ал Каеда.

Од тогаш најмалку 86 од овие милитантни борци се верува дека се вратиле во својата татковина.

Загриженоста се зголемила овој месец, кога властите во Скопје соопштиле дека спречиле обид за „териоризам“  од приврзаниците на ИСИС и конфискувале „предмети и уреди поврзани со можен напад“.

Извори на грчката полиција за „Катимерини“ брифирале дека нивните „северномакедонски“ колеги не ги информирале за резултатите истрагата за тоа.

 Весникот потсетува дека и американската амбасада во Скопје, исто така, изразила загриженост и дека издала  безбедносно предупредување предупредувајќи за „зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија“.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.