Националното самоопределување е прашање на свеста и не би можело да биде вклучено во догово и не е, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за првата програма на грчкото државно радио, јави дописничката на МИА од Атина.

„Прашањата што се однесуваат на националното самоопределување се прашања на свеста, не би можело да бидат во договор и не се.

Договорот исклучиво се однесува на државјанството, односно на правната врска меѓу граѓанинот и државата“, објаснил Катругалос.

SHARE