Пред состанокот со медијаторот на ОН за прашањето за името Метју Нимиц во Њујорк, грчкиот заменик за надворешни работи рече дека Договорот од Преспа става крај на секоја можност за иредентизам од страна Скопје, пренесува АНА-МПА.

„Посветени сме на усвојувањето на Преспетскиот договор, бидејќи сметаме дека е заемно корисен за двете земји“ изјави Катругалос, за радио-станицата “Практорио 104.9 ФМ” во Атина, пред да замине во Њујорк.

Околу изјавите на премиерот Зоран Заев за „македонскиот јазик“, Катругалос вели дека „Имаше некои несреќни изјави за кои се надеваме дека нема да се повторат, но тоа ни даде можност повторно да разгледаме што вели Преспетскиот договор, бидејќи тоа е она што е важно“.

Катругалос вели дека овие изјави подоцна беа објаснети, „на начин што не остава простор за сомневање во врска со она што го вели договорот, но, исто така, сфативме дека преку Преспанскиот договорот секоја можност за иредентизам од другата страна завршува. Тоа е она што го вели договорот“.

За изгледите за ратификација на договорот во грчкиот парламент тој вели: „Немам ни  најмалку сомневање дека ќе помине“.

SHARE

1 Коментар

  1. Игор Јанев бара 6000 евра месечно. А да земеме како Србите меѓународен адвокат Јан Браунли кој застапуваше Србија, но тарифата му е 50 000 евра месечно, без гаранција на успех.

Comments are closed.