Катругалос: Преспанскиот е услов за европската иднина на соседите

Почитувањето во целост на договорот од Преспа „веќе е услов за соседите да имаат иднина во Европа“, изјавил синоќа во дебатна емисија на ЕРТ, шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос.

„Важно е споменувањето на Преспа бидејќи го покажува она што секогаш го велевме – дека Преспа, освен што го реши горчливиот спор меѓу двата народа, токму затоа што сега јасно се поврзува со интегративниот процес на соседот ни гарантира дека некоја друга влада на местото на сегашната, која сака да го спроведе договорот, нема да може да се врати назад во она мрачно националистичко минато, токму затоа што почитувањето на Договорот од Преспа во целост веќе е услов за да имаат иднина во Европа“, рече Катругалос за ЕРТ како што пренесе МИА.

SHARE