Кавга Каменос-Коѕијас: Кој тоа таму земал грчки пари!

Кавгата меѓу двајца поранешни грчки министри – за одбрана, Панос Каменос и екс-миистерот за надворешни работи (автор на Преспанскиот договор), кој најверојатно ќе има судска завршница, излегува надвор од границите на Грција и е интересна и за овдешната јавност.

Каменос го обвини екс-шефот на дипломатијата дека добил 50 милиони евра од Сорос  дека злоупотребувал тајни фондови во грчкото МНР, на што вториот одговори со тужба.

Од тие пари, наводно околу еден милион евра од тајните фондови на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија и за поддршка на православни цркви, според информациите што ги објави во октомври електронското издание на „Ефимирида“ (iefimerida).

Како што тогаш јави дописничката на МИА од Атина, за конкретниот текст реагираше претседателот на грчкиот Парламент и кабинетот на Ципрас, а според „Ефимерида тон синдактон“, обвинителството наредило истрага за објавување доверливи информации.

„Новинарот Димитрис Такис кој ја објави аферата во „Ефимирида“ пишуваше дека на прашањето зошто биле финансирани медиуми во Албанија и Македонија, образложението било дека овие пари се користеле за да се финансираат позитивни новински написи за Грција во македонските и албанските медиуми и да се лобира кај новинари и сопственици на медиуми во нашата и соседната земја да работат за грчките интереси“, потсетува „Алфа ТВ.

По написот во „Ефимерида“ грчкото обвинителство нареди итна истрага за објавување доверливи информации, а од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас реагираа велејќи дека објавувањето наводни информации за распределувањето на тајните фондови на Министерството за надворешни работи директно влијае врз националните интереси.

На прашањата на потпретседателите на Парламентот зошто биле финансирани медиуми во Македонија и Албанија, според Ефимерида (iefimerida), било објаснето дека тоа е „за да постојат позитивни натписи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси“.