Зоран Милевски Кичеец на денешната прва расправа за случајот „Рекет“ призна вина.

„Да, чувствувам вина“, одговори третообвинетиот во судскиот процес одговарајќи на прашање дали се чувствува виновен за кривичните дела за кои го гони Обвинителството во оваа постапка.

Тој исто така рече дека е свесен “за последиците и признанието го давам свесно без присила од никого“.

Не е јасно дали со признанието, судењерто за Кичеец заврши уште првиот ден и дека останува само Судот да одреди казна, пренесе МКД.

Пред него првообвинетиот Бојан Јовановски и второобвинетата Катица Јанева рекоа дека не чувствуваат вина за постапката за случајот „Рекет“.

„Не чувствувам ни трошка вина“, беше одговорот НА Јанева во врска со тоа дали се чувствува виновна  за кривичното дело злоупотреба на службената положба, за кое Обвинителството ја гони во случајот „Рекет“.

„Не се чувствувам добро и едвај стојам, жалам што тоа денес е така, но ќе кажам дека не чувствувам вина ниту за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, ниту за перење пари“, изјави првообвинетиот Бојан Јовановски.

SHARE