Германскиот произведувач на автомобили “Daimler”, тврди дека нема поим како лидерот на Северна Кореја, Ки Јонг Ун, ја набавил нивната луксузна блиндирана лимузин, со оглед дека таква не му е продадена поради санкциите спрема Северна Кореја.

Меѓутоа, оваа недела лидерот на Северна Кореја користел две лимузини кои го чекале на станица во Владивосток. Парадирал со “Mercedes Maybach S600 Pullman Guard”, а во придружба имало “Mercedes Maybach S62”.

Се верува дека користел “S600 Pullman Guard” за своите самити со Трамп во Сингапур во јуни минатата година и во Ханој во февруари оваа година.

“Немаме апсолутно никаква идеја за тоа како тие возила биле испорачани во Северна Кореја”, рекла портпаролката на “Daimler”, Слике Мокерт.

Извор:Точка.

SHARE