Кина обвинува: САД се најголемиот извор на нестабилност во светот

САД се најголемиот извор на нестабилност во светот, изјавил високиот кинески дипломат Ванг Иј, пренесува Ројтерс.

Кинеското министерство за надворешни работи ги предупреди САД дека нивните „лоши дејствија“ ќе им наштетат на кинеските интереси во Хонг Конг и го повика Вашингтон да престане да се меша во внатрешните работи на НР Кина и на Хонг Конг.

Американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише уредба усвоена во американскиот претставнички дом за воведување санкции против Пекинг за наводно кршење на човековите права за време на протестите во Хонг Конг. (БГНЕС)