За прв пат во историјата вселенска сонда слета на „темната“ страна на Месечината, а кинески но и светски медиуми оценија дека ова претставува револуционерен чекор во истражување на вселената.

Темната страна на Месечината не може да се види од Земјата и е прилично неистражена. Сите претходни мисии беа насочени кон страната на земјниот сателиот која остојано е свртена кон Земјата.

Веднаш по слетувањето, сондата Chang-4 (Chang е име на кинеската божица на Месечината) ги испрати првите фотографии од темната страна на Месечината.

Мекото слетување  го отстрани „ мистериозен превез“  за темната страна и отвори ново поглавје во човечкото истражување на Месечината, пишуваат кинески медиуми.

Сондата беше лансирана од Југозападна Кина на 8-ми декември. Тој влезе во орбитата на месечината  22 дена подоцна.

SHARE

Оставете коментар