Кинеска вселенска станица утре ќе падне на Земјата (ВИДЕО)

Делови од кинеската вселенска станица најверојатно ќе паднат на Земјата утре вечер или најдоцна во понеделник наутро  јави Европската вселенска агенција.

Tiangong-1 (Небесна палата ), кој е со големина на автобус, беше испратена во орбитата во 2011 година за експерименти како дел од вселенската програма на Кина, но престана да работи во март 2016 година.

Кинеските власти немаат никаква контрола врз станицата која паѓа кон Земјата, но не може да се процени ни каде ќе паднат парчињата од вселенската станивца која во најголем дел се очекува да изгори во атмосферата.

Канцеларијата за вселенско инженерство на Кина “Manned Space Engineering” на својата социјална мрежа објави дека „паѓањето на вселенското летало нема да биде жестоко како во научно-фантастичните филмови, туку ќе се претвори во прекрасен метеорски дожд по прекрасното ѕвездено небо додека се паѓа кон Земјата “.

Се претпоставува дека делови од станицата ќе паднат во вода, многу веројатно во Индискиот Океан.

 

SHARE