Кипар ќе воспостави дипломатски односи со Македонија

Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека Република Кипар наскоро ќе воспостави дипломатски односи со Македонија, а за тоа се разбрало на Економската конференција во Лагониси, југозападна Атика.

Информацијата вели дека шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис се очекува да го потпише договорот на состанокот на Советот за надворешни работи на Европска унија на 29 август во Финска.

„Катимерини“ го објаснува потегот на Кипар со нормализацијата на македонско-грчките односи по потпишувањето на Преспански договор, со кој соседот на Грција се преименува во Северна Македонија.

Покрај со Кипар, од европските земји Македонија сè уште нема формални дипломатски односи уште со Сан Марино и со Монако.

SHARE