Ѓорчев до Кирацоски: Незаконски ја затворате архивата и бришете ленти (ВИДЕО)

Пратениците на власта и опозицијата Александар Кирацоски и Владимир Ѓорчев се најдоа во жестока кавга во собранието.

Пратеникот Ѓорчев го обвини Кирацовски кој е претседател на Комисијата дека по негова нарачка архивата во собранието вчера била заклучена, што според пратеникот е незаконски и илегално, а со тоа на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им било овозможено да поднесуваат амандмани. Дополнително, вели тој, комисијата започнала со работа 15 минути порано пред закажаниот рок, во што Ѓорчев се сомнева, бидејќи ја немало опозицијата, дака се сакало законот да се носи без присуство на јавноста.

Пратеникот Кирацоски, пак, се бранеше дека комисијата била презакажана за денеска по барање на пратеници кои не можеле да присуствуваат. Дополнително, призна дека ја одржале неколку минути пред да започне истата официјално, затоа што, според него, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не изразиле ниту желба ниту волја да учествуваат.

За среќа не дошло до физички инцидент.

SHARE