Кирацовски: И ДУИ не сака поништување на лустрацијата

Претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски изјави дека ДУИ и Дмократската партија на Турците се приклучиле на ВМРО-ДПМНЕ во, како што рече, опструцијата на на поништувањето на лустрацијата.

Тој рече дека сепак ќе се бараат начини лустрацијата да се поништи бидејќи со тоа била нанесена неправда.

Комисијата за политички систем не почна со работа бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавија дека се против ваквото решение, а на седницата не дојдоа ни пратениците на ДУИ по што владејачката СДСМ не можеше да обезбеди кворум.