Поранешниот генерален секретар на СДСМ и актуелен пратеник, Александар Кирацовски, се сомнева, како што вели, дека високи функционери од СДСМ биле вмешани во случајот „Рекет“ во кој се осомничени Бојан Јовановски–Боки 13 и Зоран Милески–Кичеец.

„Го тврдам тоа, а и за многу скоро ќе се потврди. Познанството или пријателството е една работа, нечие делување надвор од законите е сосема друга. Никој од сите нас немало ниту што да крие ниту што да манифестира со било кого. Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што сѐ наш познаник прави и како тоа се одразува врз нас.

Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија“, вели Кирацовски во интервју за „Фактор“.

SHARE