Кире бара тренер против промашување ,,зицери”

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, беше најефикасен на мечот против Русија, но нашиот национален тим не успеа да слави (28-30).

Капитенот детектираше дека ракометарите повторно промашија многу зицери.

„Ни се повторуваат некои работи од меч во меч. Секогаш противничкиот голман е најдобар против нас. Не реализиравме, имавме расположени играчи и игра, но Русија е квалитетна репрезентација која на овој шампионат има пораз од Бразил, а од Франција загуби во последните секунди. Загрижува што не знаеме да реализираме, најверојатно ќе мора да најдеме посебен тренер за шутеви, за да не промашуваме зицери. Мислам дека дадовме максимум, позитивни работи има многу, но и треба да се поправат многу работи. Да не се повторуваме, ни фалат два до три посериозни играчи на ова СП. Се надевам дека ќе бидеме попаметни и ќе учиме од грешките. Ако сме паметни, ќе извлечеме поука. Ќе се обидеме да победиме на крај, секогаш е убаво да се заврши со победа. Не смееме да им го одземеме задоволството на нашите Македонци во иднина да не гледаат на СП”, изјави Лазаров за порталот lazarovkiril7.com

Во натпреварот за 15. место нашите ракометари ќе играат со Катар или Чиле.

SHARE