Кирјаков без втор круг на изборите за градоначалник на Благоевград

Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков, не успеа да влезе во вториот круг на изборите за градоначалник на Благоевград.

Кандидатот на Движење „Заедно за промена“, поради одбивањето од бугарската држава да ја регистрира Обединета македонска организација „Илинден“ чиј еден од основачите е, освои 266 гласа

Кирјаков (58), кој потекнува од бегалско семејство од Егејска Македонија и кој во финишот на кампањата напиша на англиски „Јас сум Македонец“ на својот профил на Фејсбук, заврши пред двајца од 12 претенденти за градски татко на некогашна Горна Џумаја.

Во вториот круг на изборите за кмет на најголемиот град во Пиринска Македонија ќе „трчаат“ актуелниот градоначалник Атанас Камбитов од ГЕРБ и Румен Томов.

SHARE