Кирјаков пред изборите за градоначалник на Благоевград: Јас сум Македонец

Атанас Кирјаков, кој на локалните избори во Бугарија в недела ќе „трча“ за градоначалник на Благоевград, во финишот на кампањата со порака на Фејсбук и за својот идентитет.

„Јас сум Македонец“, напиша на англиски јазик активистот на Обединета македонска организација „Илинден“, која бугарската држава одбива да ја регистрира, па тој е пријавен како кандидат на Движење „Заедно за промена“.

За кмет на некогашна Горна Џумаја ќе се борат 12 претенденти, а ќе го изберат околу 67.000 благоевградчани со право на глас.

SHARE