Кирјаков за дебаклот на ГЕРБ на локалните избори во Пиринска Македонија: Ја отепавме ламјата

Македонскиот активист во Бугарија и кандидат за градоначалник на Благоевград, Атанас Кирјаков, ликува по тешкиот пораз на ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов на локалните избори во Пиринска Македонија.

„Ја отепавме ламјата. ГЕРБ ги загуби изборите во Благоевград, Кресна, Гоце Делчев, Сандански, Банско… во цела Пиринска Македонија“, објави на Фејсбук еден од основачите на Обединета македонска организација „Илинден“, која за бугарската држава е „антиуставна“ и одбива да ја регистрира, па Кирјаков на изборите настапи како кандидат на Движење ЗАЕДНО за промена.

Во Благоевград независниот кандидат Румен Томов убедливо го победи досегашниот градоначалник од ГЕРБ, Атанас Камбитов, кој водеше по првиот круг.