Кирк Даглас наполни 102 години

nup_181044_3937.jpg

Американскиот актер Кирк Даглас полни 102 години, а роденденот ќе го прослави во градот Мастердам во државата Њујорк, каде се родил и каде пораснал.

Даглас е роден како Исир Даниелович на 9 декември 1916 година, како син на руски Евреи кои емигрирале во САД. Неговиот татко, пристигнал во 1908 година од Белорусија, а неговата мајка, две години подоцна.

Тој бил единствено момче покрај 6 сестри, од кои жива е само најмалата, која има 99 години.

Даглас дипломирал на Св. Лоренс во 1939 година, неговиот актерски талент му помогнал да стигне до стипендија на Американската академија за драмски уметности во Њујорк. Неговата актерска кариера, била прекината во Втората светска војна (1443-1944) кога служел на Пацификот.

По војната, Даглас заминува во Холивуд каде почнува неговата успешна актерска кариера.

Кирк Даглас се женел два пати , има 4 синови од кој најпознат е актерот и продуцент, Мајкл Даглас.

Рангиран е на 17 место на списокот на најголеми легенди меѓу актерите-мажи на Американскиот филмски институт и единствена жива личност од тој список.

Даглас е добитник е на „Оскар“ за животно дело.

SHARE