Ќе биде ли Зеколи тужен затоа што го нарече Заев будала?

Соработници на лидерот на СДСМ и кандидат за премиер Зоран Заев тврдат дека се размислува за приватна тужба против екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи.

Причината е твитот на Зеколи во кој од СДСМ бара да го тргне актуелниот лидер кого го квалификува како будала пред да замине на буништето на историјата.

Тимот на Заев има три дилеми пред да реши за тужбата против Зеколи кој е еден од водечките албански интелектуалци во Македонија кој има влијание и кај сите останати граѓани.

Доколку го тужи Зеколи Заев ќе се судри со либералниот крило во албанската заедница кое ќе се иритира од прогонот на интелектуалецот.

Од друга страна ако тужи Заев ќе треба да докажува дека не е будала што е многу нелагодна позиција за човек што сака пак да ја води владата.

Соработниците на Заев сметаат дека доколку Заев не тужи или не реагира тогаш тој практично признава дека е будала како што тврди Зеколи, што исто така е незгодна позиција пред јавноста.

Одлуката за тужбата против Зеколи ќе се знае во текот на утрешниот ден според соработниците на екс премиерот.

За тужба против Зеколи биле двајца влијателни члена на поширокиот тим на Заев кои доаѓаат од академската заедница кои сметале дека мора да му се одговори на Зеколи кој бил квалификуван како “нео-вмровец” со задача да удира по Заев.

Што точно рече Зеколи

Апел до СДСМ за Заев: Откачетете ја будалата пред да ве повлече во бунар!

SHARE