Ќе добие ли Хан уште еден мандат во ЕК?

Австриската канцеларка вчера официјално го номинираше сегашниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан за уште еден мандат во Европската Комисија.

Доколку Европскиот парламент потврди, ова ќе биде третпат по ред Јоханес Хан да биде европски комесар.

Јоханес Хан беше комесар за регионална политика во втората Комисија на Жозе Мануел Баросо, и комесар за преговорите за проширување и соседска политика во Комисијата на Жан Клод Јункер, чиј мандат истекува на први ноември.

Секоја земја членка на Европската унија именува еден кандидат за еврокомесар кој потоа треба да биде сослушан и потврден од Европскиот Парламент.

Извор: НОВА ТВ

SHARE