Ќе донесат ли пратениците одлука за „самораспуштање“

„Овој парламентарен состав го понесе товарот на донесувањето на Законот за ратификација на Преспанскиот договор и на усвојувањето на уставните амандмани. Би било коректно истиот собраниски состав да го ратификува и Протоколот за членство во НАТО, како финална фаза од процесот на зачленуваање на нашата земја во Алијансата, што беше овозможено со затворањето на спорот за името со Грција“, велат за „Плусинфо“ соговорници од пратеничката група на СДСМ.

Тоа ќе зависи и од тоа дали Шпанија ќе успее до 10 февруари да го Ратификува протоколот како последна од земјите членки на НАТО која не го сторила тоа.

Доколку тоа не се случи, во игра се или одложување на изборите или „предвремена ратификација“ на Протоколот, која потоа би се чувала во „фиока“ додека не биде готова ратификацијата во Шпанија.

Што ќе се одлучи не е јасно, но за “самораспуштање“ на Собранието потребни се 61 глас од пратениците.

SHARE