Ќе има доволно вакцини против сезноскиот грип


Вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември , а за претстојната сезона 2019-2020 година набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од шест месеци до пет години, бремени жени, како и здравствени работници.

Од Министерство за здравство информираат дека дополнително се набавени и 21.000 комерцијални вакцини од центрите за јавно здравство.

Покрај 10-те центри за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје, истакнуваат од Министерството за здравство.

SHARE