Ќе има истрага за набавката на пасоши во МВР

Во Министерството за надворешни работи започната е внатрешна постапка, преку која треба да се утврди дали имало злоупотреби при набавката на пасошите, изјави во понеделникот техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, пренесе „Нетпрес“.

Изјавата на министерот доаѓа по пишувањата на некои медиуми за можна корупција тешка над 12 милиони евра при набавките на новите пасоши.

„Во однос на пишувањата на одредени медиуми за незаконист во постапката за набавка на пасоши, тоа што во моментов можам да потврдам е дека во рамки на Министерството за внатрешни работи во тек е интерна постапка која треба да утврди дали постојат одредени елементи кои укажуваат на можни злоупотреби при набавката на патни исправи. За сите недоследности кои би се утврдиле ќе биде покрената соодветна постапка за што јавноста би биле информирана“, изјави Чулев.

SHARE