До овој момент нема одговор, дали културните работници ќе имаат средба со премиерот Зоран Заев заради скандалозната распределба на парите од Министерството за култура, односно годишната програма за развој на културата?

Без финансиска поддршка од минитерството годинава останаа Скопскиот Џез-фестивал, Златно славејче, Офф Фест, уникатниот меѓународно признат фестивал „Пеце Атанасовски“, Сојузот на музички уметници, додека пак незначителна поддршка добиja, на пример, Националниот ансамбл Танец, Синтезис… На сметка на ваквата поделба на парите, скандалозно солидни суми завршиле во рацете на здруженија и организации формирани непосредно пред рокот за конкурирање, не се знае која е нивната дејност и се речиси непознати. По избивање на скандалот, се сретнаа министерот за култура Асаф Адеми и Зоран Заев, по што беше најавено дека ќе се преразгледа распределбата односно дека ќе има нови рокови за одбиените проекти
„Комисиите за одредени дејности ќе ги разгледаат одбиените пријави и согласно Законот за општи административни постапки, на субјектите кои доставиле пријава на годишните конкурси, ќе им се даде можност во одреден рок да достават дополнително образложение и документација за апликациите кои имале формални недостатоци“, велат од Министерството  за култура.

SHARE