Парламентарни избори се одржуваат денеска во Шпанија, но неизвесно е дали резултатите ќе бидат такви што ќе можат да ја решат политичката криза во земјата.

Изборите со интерес се следат во Македонија зашто од резултатот на изборите и брзината на составување на идниот парламентарниот состав ќе зависи кога и дали шпанските парламентарци ќе го ратификуваат Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО.

Според европскиот портал „Политико“, по изборите постои можност премиерот Педро Санчез и неговата социјалистичка партија да се соочат со уште поголеми предизвици.

Според анкете, Социјалистичката партија повторно ќе победи, но со помалку или ист број пратенички места, или околу 120 од 350, така што нема да има мнозинство, пренесува Ројтерс.

Поради ова, Санчез се соочува со истиот проблем да ги убеди другите партии да го поддржат на функцијата премиер, во што досега не успеа. Во февруари годинава, шпанскиот премиер Педро Санчез распиша предвремени избори, бидејќи буџетскиот предлог за оваа година не беше усвоен во парламентот.

Во септември беше донесена одлука Шпанија повторно да гласа, бидејќи Санчез не успеа да обезбеди доволно поддршка и да биде потврден како премиер.

На шпанската политичка сцена доминираат социјалистите и Конзервативната народна партија (ПП), но во последните години тие се поделени околу финансиската криза и порастот на популарноста на партијата на екстремно левиот Поддемос и десничарскиот Сиудаданос.

Иницијативата за независност на Каталонија, исто така, предизвикува дополнителни проблеми.

SHARE