Обвинителката, Вилма Рускоска, вели дека да не беа отворени вратите на Сорбанието, „крвавиот четврток“ немало да се случи.

На заедничкиот прес Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески и обивнителката Вилма Русковска, соопштија дека Никола Груевски, Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Никола Бошковски и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Рускоска рече дека ќе биде побарана екстрадиција на Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, и на Никола Бошковски, кој се наоѓа во бегство во Грција.

SHARE