Ќе одговараат ли советник на Заев и пратеник на власта за лажна вест?

Пратеникот на владеачката коалиција на СДСМ и советник за мултикултурализам на премиерот Заев, Рубин Земон, на социјалните мрежи пласираше лажна вест за влијанието на договорот од Нивици врз односот на грчките власти кон правата на Македонците во Грција.

“Преспанскиот договор мултикултурно ја либерализира Грција”, напиша Земон на Фејсбук споделувајќи видео на вториот канал на грчката државна телевизија во кое македонски музичари од Грција пејат на македонски јазик.

Веста на Земон е лажна затоа што тој тврди дека видеото е резултат либерализирана грчка политика по договорот меѓу двете земји а емисијата за луѓето што пеат на Македонски е снимена пред потпишувањето на преспанскиот договор.

И на самото видео кое кај нас е објавено од ТВ Сител се гледа дека е објавено на 12 мај 2017 односно една година и 35 дена пред потпишувањето на договорот во Нивици кој е потпишан на 17 јуни 2018.

Линк до видеото кое го злоупотребува Земон за да создаде слика дека Преспанскиот договор е позитивен за Македонците во Грција и дека владата на Мицотакис го менува односот кон нив.

SHARE