Ќе почекаме ли за одмор во Грција!?

Можмо е границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена на 15 јуни, изјави грчкиот државен министер, Јоргос Герапетрис во интервју за радио „Солун“.

Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци.

Очигледно, доколку состојбата продолжи да се влошува, ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај“, рече Герапетрис. 

Поради влошувањето на состојбата со епидемијата, Бугарија воведе обавезен 14 дневен карантин за македонските граѓани кои влегуваат во таа земја.

SHARE