Ќе поднесат ли Калајџиев и Пировска кривична пријава за Ориѓански?

Ќе поднесе ли Хелсиншкиот комитет за човекови права кривична пријава за музичарот кој свиреше во изборната кампања на СДСМ Златко Ориѓански?

Ова прашање се поставува на социјалните мрежи откако вчера Хелсиншкиот комитет поднесе кривична пријава за академик Катица Ќулавкова за која и во соопштението на организацијата пишува дека ќе падне во обвинителството затоа што се признава дека спорниот твит на професорката имплицирал.

Откако вчера на социјалните мрежи се појави и твит на музичарот кој настапува во изборните кампањи на СДСМ сега дел од јавноста прашува дали Хелсиншкиот комитет чиј претседател е кривичарот Гордан Калајџиев а директорка Уранија Пировска ќе поднесе нова кривична пријава против Златко Ориѓански кој експлицитно ја навредува македонската нација.

Кои се другите членови на ХК кои поднесоа кривична за Ќулавкова?

Фрчкоски меѓу подносителите на кривичната пријава за академик Ќулавкова