Ќе попушти ли Владата околу рестриктивните мерки?

Владата денеска на пладне ќе одржи седница од која јавноиста очекува дали ќе бидат олеснети рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

Со одлука на владата, минатата недела беше дозволено да почнат со работа затворените трговски центри, обложувалници, авто школите, како и индивидуалните спортови.

Ова прашање е особено интересно имајќи предвид дека следниот викенд е големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, а на 24 е и празникот на просветителите, светите Кирил и Методиј.


SHARE