На состанокот на главниот кризен штаб денеска ќе се одлучува за рестриктивните мерки поради коронавирусот и за евентуално нивно олабавување и нормализирањето на состојбата.

Одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, изјави вчера премиерот Оливер Спасовски.

Запрашан дали ќе има целодневно ограничено движење за празникот Рамазан Бајрам, премиерот пак повтори дека се почитува мислењето на Комисијата за заразни болести: .

„Но, со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 Мај, тоа заслужува внимание да се разговара и на главниот кризен штаб и да се разговара на седница на Влада.

Но, како и да е, одлуките ги носиме на база на мислењата на стручните луѓе и какви ќе бидат доставени, ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста“, рече Спасовски.

SHARE