Железници и транспорт, Македонски пошти, Еврокомпзозит, Тутунскиот комбинат – Прилеп, Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино, земјоделскоиземјиште се дел од државните претпријатија и ресусри кои владата планира да ги продаде, а за кои веќе има и интерес од странски компании, изјави премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на МРТ каде со министерот за финансии Фатмир Бесими, професори и експерти се дебатираше за предлог-буџетот за 2021 година.

„Доминантно заради тоа што очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде 100 %, може да биде ЈП партнерство, државата да остане еден дел, и под концесија да се даде или сл. Но, тоа досега неефикасен ресурс во рацете државата и треба се стави во функција. Според мене, ќе го земам примерот, сакате „Македонски пошти“ не го држи трендот дури и на регионот, да не зборуваме за европските пошти. Заинтересирани има веќе Австрија, Словенија, Романија, Чешка и сл. Слично имаме заинтересираност од Вишеградската група земји да инвестираат во такви дејности“, рече премиерот.

Според Заев, анализите покажуваат дека има голем потенцијал и во можностите од продажба на земјоделското земјиште согласно одредени услови по пазарни цени што е во државна сопственост кое се проценува со вредност од повеќе од 2 милијарди евра, а од продажба на дел од него се очекуваат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023 –та“, оцени премиерот Заев во емисијата „Отворено студио“ на Националната радиотелевизија.

SHARE