Ќе се урива споменик од „Скопје 2014“, Богдановиќ не кажува кој

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ најави дека за еден месец ќе биде отстранет споменик од проектот „Скопје 2014“ што е поставен во центарот на Скопје.

Во интервју за „Макфакс“ Богдановиќ вети дека за три недели ќе открие информации за неколку постапки што се водат за проектот „Скопје 2014“.

Тој не открива за кој споменици станува збор,  поради, според него, безбедносни причини бидејќи, како што вели, ситуацијата  била наелектризирана.

„И јас сакам сега да излезам и да ви набројам, но наредниот ден ќе нè бомбардираат со прашања, и верувајте потоа ќе имаме проблем околу самото докажување на одредена постапка“, вели Богдановиќ за Макфакс.

Богдановиќ рече дека ќе биде отстранета и нелегалната тераса на ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE

Comments are closed.