Ќе зборува ли Западен Балкан „гага“ на телефон

Доколку во јули годинава биде постигнат регионален договор, земјите од Западен Балкан би зборувале меѓу себе по нормални тарифи, без роаминг.

На денешниот состанок на работната група од земјите за Западен Балкан беше постигнат прогрес, по што генералната секретарка изјави дека е можен регионален договор кој би стапил на сила во јули 2019 година за постепено намалување на цените на роамингот, а веќе од 2021 земјите од Западен Балкан би зборувале меѓу себе како што зборуваат во сопствените земји.

Ова денеска го соопшти Регионалниот совет за соработка, по средбата во Скопје помеѓу еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел и генералната секретарка Мајлинда Брегу.

SHARE