Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп е еден од можните кандидати за претседател на Светска банка.
Според „Бизнисинсајдер“ таа ќе го замени претседателот на Светската банка во заминувањето на д-р Џим Џонг Ким.
Други потенцијални американски кандидати за Светската банка се потсекретарот за меѓународни прашања Дејвид Малпас, директорот на УСАИД Марк Грин и поранешната амбасадорка на ОН, Ники Хејли.
За разлика од некои други предложени кандидати, Иванка нема искуство во економијата на меѓународната трговија, но таа беше бизнис-жена.
За в.д. претседател на Свестка банка е именувана поранешната бугарска еврокомесарка, Кристалина Георгиева.

SHARE

Оставете Коментар