Ќулафкова: Денеска е празник на македонскиот јазик а не на петти мај

Академик Катица Ќулафкова со објаснување за јавноста и до владата која на изненадување на науката денот на вториот круг од изборите за претседател 5 мај го прогласи за ден на македонскиот јазик.

За академикот со тој чекор владата го одбележува само азбуката на модерниот македонски јазик. Ова им оди во корист на грчката и бугарската наука кои тврдат дека и Македонците и македонскиот јазик се вештачки и новосоздадени и немаат никаков историски континуитет пред 1945 година.

“Сме имале две азбуки, глаголица и кирилица. Празник на македонскиот јазик е 24 мај, а 5 мај е само дата поврзана со азбуката на современиот стандард. Македонскиот јазик е стар. Дел од неговата историја се старословенскиот и црковнословенскиот”, пишува академик Ќулафкова која го користи и хаштагот #ДаНеСеЗаборави.