Ќулавкова: Сите „црвени линии“ се погазени, народот е трауматизиран

„Македонскиот народ е трауматизиран од фактот дека сите црвени линии, зацртани во Уставот на Република Македонија од 1991, па и во 1945 година, се прекршени, повредени, ревидирани, обесчестени“, вели вели академик Катица Ќулавкова во интервју за весникот „Вечер“.

„Како да зборувам за црвени линии јас како писател, на пример, или како академик од 2003, време кога заправо сум повеќе сведок на нивното бришење одошто почитување. Кога и да сме реагирале, поединечно и како институција, никогаш нашето мислење не било уважено.

Многу ставови сум искажала во моите есеи, анализи, студии и книги, ама тоа не стига до свеста на оние кои одлучуваат, вели Ќулафкова.

„Почнувајќи од 2001 и промената на Уставот под воен и надворешен притисок, преку промената на топонимите со превод од изворниот и вековен македонски јазик на албански (а, да не заборавиме!) топонимите се доказен материјал, сведоштва на меморијата на територијата и на културата и јазикот на населението кое живеело на таа територија!), преку територијалната реорганизација, несоодветниот закон за средно образование, законот за јазикот од 2008 и подоцна од 2018, преку преструктурирањето на македонската држава во мултиетничка со што се наруши нејзината унитарност, а постепено и нејзината сувереност, преку Преспанскиот договор и маргинализацијата на македонската култура и наука, немаше резултат“ вели академик Ќулафкова за Вечер.

SHARE