Ќулавкова до ДВ: Буџетот на Македонија го полнат главно Македонци што не го прифаќаат Преспански

Академик Катица Ќулавкова реагира на коментарот на Катерина Блажевска во „Дојче веле“ за дополнителната министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и таблата со Република Македонија на нејзините прес-конференции.

„Легитимно е Рашела Мизрахи да не се согласува со промената на името на државата. Но, во таков случај, не требало да прифати да биде министерка во Владата на Република Северна Македонија и да прима плата од ‘северџански’ буџет“, пишува Блажевска во коментарот.

„Не постои ‘северџански’ буџет од проста причина што буџетот на Македонија го полнат, во најголема мера, Македонци кои не го прифаќаат Преспанскиот…“, реплицира Ќулавкова на Твитер.

SHARE