Ќулавкова за критиките за МАНУ: Не е в ред вината да се фрла само на академиците

По изнесениот став на Твитер дека „бугарските интелектуалци се спротивставија, на ред се македонските“ во врска со ултиматумот на Софија за поддршката за Македонија за ЕУ, академик Катица Ќулавкова влезе во полемика со твитерџии за МАНУ.

„Има во МАНУ извонредни научници, не е во ред вината само на академиците да се фрла, а државата е поткопана од политичари, мафијаши и нивните потрчковци и ботови, плус лебојадна и паразитска администрација“, реагира Ќулавкова на твитот: „Нашите нису одавде. Комфорт зоната им е супер. МАНУ е срамота за Македонија и навистина би требало да се избрише зборот ‘Македонска’ од нивното име“.

На барањето потоа: „Кажете една придобивка како државен и национален интерес произлезена од МАНУ“, академик Ќулавкова одговара: „Многу има, не влегуваат во твит. Буџетот никаков, работа, проекти и обврски многу, одговорност огромна, придобивки речиси никакви, а не сме политичари за дневнополитички активности“.

SHARE