Јовица Трпевски (25), син на пратеникот Благојче Трпевски и член на КК Гостивар, е една од жртвите на трагичната несреќа, која се случи вчера попладне на патот Скопје – Тетово и во која загинаа 15 лица.

Во врска со трагичната смрт на нивниот кошаркар, реагираа од клубот.

„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град, Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот Куп на Македонија и бараме негово безусловно одложување.

Во трагичниот настан животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одложуваме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“, се вели во соопштението. 

Во Гостивар е прогласена тридневна жалост по несреќата во која сите настрадани беа од овој град.

SHARE