Клиничката слика на министерот Спасовски е добра, тестот за Ковид19 е позитивен

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на Ковид19, дека има благи симптоми но дека има добра клиничка слика.

“Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Чувајте се”, порача Спасовски од самоизолација.