Клинички ќе почне да се гради оваа зима!?

Владата ја усвои Информацијата за начинот на финансирањето на изградбата на Универзитетски клинички центар во скопската општина Ѓорче Петров, како и Информацијата за започнување на реализацијата на новиот Универзитетски Клинички центар.

Министерствата за финансии и за здравство се задолжени да отпочнат преговори со конзорциумот на банки Erste group, Raifaisen bank и UniCredit за заем обезбеден со гаранција од ECA. Завршена е фазата на утврдување најповолна понуда на кредит. Министерството за здравство, како договорен орган, треба да ја спроведе постапката за јавната набавка за изградба.

Доколку сите процедури се одвиваат според предвидената динамика, може да се очекува во текот на зимата да биде поставен камен-темелникот на новиот Универзитетски клинички центар во Скопје, што треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги за населението во целата држава, стои во соопштението. /МИА

SHARE