Австриската министерката за Европа, интеграција и надворешни работи Карин Кнајсл во интервју за државната новинска агенција АПА со воздржан одговор на прашањето за името на Македонија.

Кнајсл ги пофали „храбрата дипломатија“ и „смелоста“ на преговарачите во 28-годишниот спор меѓу Македонија и Грција, но таа „не сака да размислува за тое што ќе се случи“ кога договорот за името Северна Македонија ќе треба да помине на планираниот референдум во Македонија или во Парламентот.

„Јас не би се мешала на каков било начин, бидејќи сметам дека тоа е чисто домашно прашање“, изјави шефицата на австриската дипломатија.

Прашана за патувањето во Македонија на канцеларот Себастијан Курц непосредно пред референдумот заради негова поддршка за договорот, Кнајсл со сличен одговор: „Мојата поента е дека ова е апсолутно внатрешна одлука во државата“.

Кнајсл во интервјуто се залага за брзо проширување на Европска унија со државите од Југоисточна Европа како „геополитичка неопходност“ и како спротивставување на растечкото влијание на Кина и на Турција во регионот.

 

 

SHARE

Comments are closed.