Кнаус против ширење на ЕУ без реформа, Македонија ја рамни со Србија

Гералд Кнаус, соосновач на тинк-тенкот Иницијатива за европска стабилност (ЕСИ), има разбирање за ставот на францускиот претседател Емануел Макрон против проширување на Европска унија без реформирање на пристапниот процес.

„Зошто Макрон, Бек (министер за надворешни работи на Холандија – н.з.) и другите се во право што го доведуваат во прашање методот на проширување: по години пристапни преговори и апсурдни церемонии на отворање поглавја, Србија е на исто ниво како Северна Македонија“, објави австрискиот социолог на Твитер.

„Во овој момент отворање преговори за нефункционален процес е близу до бесмисленост. Србија не е поблиску до членство во ЕУ отколку во 2013 година (Турција почна преговори во 2005 година!). Одговорна политика: отворете пристапен процес со цел Западен Балкан и направете го многу стриктен и фер“, се дообјасни тој во нов твит.

SHARE